Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески: Во Македонија нови пет странски компании ќе инвестираат

Ставрески: Во Македонија нови пет странски компании ќе инвестираат

Во Македонија нови пет странски компании ќе инвестираат кажа вчера Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

- Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување на договор за инвестирање. Станува збор за две турски инвестиции, една американска, неколку од регионот“ - изјави вицепремиерот и министерот за финансии, Зоран Ставрески за „МТВ“.

Во интервју за јавниот сервис, Ставрески откри дека двете турски компании се од медицинската област, тие ја пикирале зоната во Бунарџик. Американската компанија со која Владата преговора ќе вложи во Кочани. Освен Бунарџик, потенцијални инвститори има и за другите технолошко индустриски зони ширум Македонија.

Вицепремиерот најави дека Охрид, Струга, Тетово и Кичево се градовите каде во наредниот период ќе има инвестиции од странство. Тоа според Ставрески е добра вест, бидејќи носи нови вработувања и подобар стандард за граѓаните.

Салдото на странски директни нвестиции, според податоците на Народната банка изнесува 105,4 милиони евра за првите пет месеци од годината.

Слично

Поврзани вести