Ставрески: Владата е задоволна, предничиме во однос на ЈИЕ
Министерот за финансии Зоран Ставрески е задоволен од оценката што Светска банка и ја даде на Македонија во однос на реформите за водење и правење бизнис.
„Македонија е рангирана на 23 то место во светот на листата на Светска банка „Дуинг бизнис“. Владата е задоволна од постигнатиот резултат, Македонија предничи во споредба со земјите од Југоисточна Европа“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески, додавајќи дека Македонија се наоѓа на 5 то место на земји кои најмногу се реформирале од мај 2011 до мај 2012.
Слично
