Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески ветува 5.000 работни места само во Кавадарци

Ставрески ветува 5.000 работни места само во Кавадарци
Два крупни странски инвеститори во Кавадарци „Дрекселмаер“ и „Кофикаб“ во Кавадарци ќе отворат 5.000 работни места, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на партиска трибина во овој град. Според Ставрески, „Дрекселмаер“ веќе отворил 3.000 работни места. „Странските инвестиции во Република Македонија со десетици илјади вработувања се резултат на заложбите на македонската Влада за привлекување на инвеститори од странство. Таквите инвестиции ги има во сите региони од државата“, рече Ставрески. Тој додаде дека во програмата, во оваа фаза, се предвидени разговори со уште 10-15 потенцијални инвеститори. Министерот за финансии во партиска функција ги презентираше проектите на Владата и оцени дека земјава зад себе оставила уште една успешна година, за разлика од многу други земји кои се бореле со рецесија.
Слично

Поврзани вести