Ставрески вети дека поплавените струмичани ќе бидат отштетени до среда
Парите за оштета на поплавените семејства во Стеумица ќе им бидат исплатени до 15 септември, односно идната среда, вети министерот за финансии Зоран Ставрески.
,,Се работи за преку 400 налози, за 400 семејства, а износот на средства е 33 милиони денари. Агенцијата и комисиите ја привршуваат работата и во понеделник ќе ги достава налозите и почнуваме со нивната исплата, така што заклучно следната недела ќе бидат целосно исплатени и обештетени"- изјави Ставрески на посетата на општина Василево.
Поплавите во струмичко беа во февруари оваа година, кога поради обилните дождови, водената стихија уништи земјоделски површини и домови во неколку населени места.
Слично
