Ставрески вети 4 милиони евра капитални инвестиции во Охрид
Во Охрид летово ќе започнат да се реализираат десетина капитални проекти, со вкупна вредност од околу 4 милиони евра, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
„Десетина проекти ќе бидат реализирани од Владата, преку позајмицата што ќе ја дадеме. Долгорочно, со оглед на тоа што парите нема да мора да се враќаат во првите неколку години, тоа ќе овозможи Општината да застане на здрави нозе, за да може да учествува во отплатата на обврските“, појасни тој.
Според оценката на Ставрески, затекнатата финансиска состојба во општина Охрид по последните локални избори била лоша, но веќе е направено подобрување во финансиското работење на општината.
Вицепремеирот при посетата изрази задоволство од преземените активности во општинската власт за заштеда на трошоци во расходната страна, намалување на расходите на јавните набавки, се на се како што рече, подомаќинското работење на новата локална власт.
Слично
