Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески убедува: Верувам дека економијата ќе расте солидно и годинава!

Ставрески убедува: Верувам дека економијата ќе расте солидно и годинава!

Во синоќешната дебата на  ТВ Нова  вицепремиерот Ставрески истакна дека и покрај политичката криза 2015 била успешна на економски план.

Тој рече дека економијата била светла точка и растот што го забележа земјава во повеќе сектори помогнал Македонија да се смести во групата на земји со највисок економски раст во Европа.

„Очекуваме тој да биде помеѓу 3,3% и 3, 5%. Значи отприлика тука е растот во првите девет месеци од годинава за кој се објавени резултатите, 3,4% за што многу придонесе растот на индустријата меѓу август и октомври. Преку 11 % беше растот во тој период наспроти да се потсетиме на негативните стапки кои што беа во вториот квартал од годинава кога заради политичката криза се почувствува осетно тоа во индустријата во земјава и имавме негативен раст во тој период“, изјави Ставрески.

Министерот за финансии искажа убедување дека со добрата ситуација помогната и од секторот на градежништвото и индустријата и високиот износ на капитали инвестиции и проекти од Буџетот, ангажманот на  домашни фирми и извозот од странските компании се создава основа да веруваме дека и оваа година земјава ќе има солиден економски раст.

Слично

Поврзани вести