Ставрески тврди дека македонските фирми плаќаат најниски даноци
Домашните фирми имаат стотици милиони евра годишна помош од Владата благодарение на даночната политика.
Ова го изјави вицепремиерот Зоран Ставрески во интервју за весникот „Вечер“.
Ставрески тврди дека македонските фирми плаќаат најниски даноци.
„Фирмите во Македонија плаќаат најниски даноци. Да споредам, ако ефективната даночна стапка кое е зафаќањето на државата преку даноците од профитот на фирмите, во 2005 и 2006 година изнесувала околу 40 отсто, денес таа е пет пати помала. Значи денес државата пет пати помалку зафаќа од заработката на компаниите. Тие средства остануваат на фирмите самите да одлучат како ќе ги распределат и како ќе ги инвестираат, истакнува Ставрески .
Министерот за финансии ги посочува мерките кои Владата ги имплементирала за да го намали даночниот товар на фирмите образложувајќи дека за време на светската и европска криза од 2009 до 2015 Владата им олеснила на фирмите, поточно ги ослободила од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка.
„Данокот на добивка е целосно укинат за микро и мали бизниси со приход до 3 милиони денари.Исто така, Владата ги намалила и стапките за придонеси за пензиско и за здравствено осигурување, посочува Ставрески.
Слично
