Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески: Стабилноста на земјата – најважна за странските инвеститори

Ставрески: Стабилноста на земјата – најважна за странските инвеститори
Политичката и макроекономската стабилност се најважни за странските инвеститори при нивната одлука дали ќе инвестираат во Македонија, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, на конференцијата за инвестиции во Лондон, организирана од Европската банка за обнова и развој. Според него, Македонија има одлично досие на одржување и постигнување раст дури и во период на кризата во Европа и во светот. „Ние сме веројатно единствената Влада заедно со Владата на Меркел во Европа која од 2006 година останала на власт, што ни овозможи да имаме доволен период за спроведување реформи, за справување со предизвиците од кризата, но и за работа на конкурентноста на земјата, што сметам дека е многу важно“, посочи Ставрески. Според него, одржливите јавни финансии се една од клучните компоненти за макроекономската стабилност. „Јавниот долг изнесува 34 проценти и е четврти најнизок во Европа што генерално се должи на подготвеноста пред кризата и предвременото отплаќање на дел од долгот. Тоа е резултат и на нашата конзервативна политика во однос на позајмувањата од Светска банка и ЕБРД кој ни дава поддршка за потребните инфраструктурни проекти, како и за бизнис опкружувањето, но секогаш со внимателност на одржливоста на долгот“, рече Ставрески. Пред инвеститорите-учесници на конференцијата беа презентирани и можностите што ги нудат технолошко-индустриските зони во Македонија. На вчерашниот прв ден од Конференцијата, ЕБРД ги собра на едно место премиерите од сите балкански земји, кои ги истакнаа невработеноста и долговите како клучни проблеми за балканските економии. Повеќе на следниот линк: АНАЛИЗА: Што им порача и испорача Филе на балканските премиери на форумот во Лондон?
Слично

Поврзани вести