Ставрески: Со предвремена отплата на долгот заштедивме 5 милиони евра!
Одговарајќи на пратенички прашања на собраниската седница посветена на истите, вицепремиерот Зоран Ставрески изрази задоволство како што кажа од предвремено исплатениот долг кон ММФ.
Според него Македонија заштедила 5 милиони евра и го подобрила угледот кај меѓународните финансиски институции и кај странските инвеститори со овој потег.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/26/zadolzhuvana-samo-za-eden-mesets-drzhavata-pozajmi-241-milion-evra-dvojno-poveke-od-planiranoto/" target="blank" ]ЗАДОЛЖУВАЊА: Само за еден месец државата позајми 241 милион евра, двојно повеќе од планираното![/button]
Ставрески појасни дека со оваа трансакција се вратија пред време 174 милиони американски долари, а кој долг требаше да се врати заклучно со март 2016 година. Предвремената исплата е направена за да се направат заштеди поради јакнењето на курсот на доларот во однос на еврото.
- На ваков начин со предвремената отплата заштедивме најмалку 5 милиони евра на курсни разлики кои ќе се случеа до март 2016 доколку го отплатевме како што првично беше предвидено. Отплата на долгот пред време беше поздравена и од првиот човек на ММФ, Лагард која укажа дека е благодарна што Македонија имаше финансиска сила да го врати долгот пред време, и тоа покажува дека соработката на Македонија со ММФ е на здрава основа, што значи и во иднина ни се широко отворени вратите. Со оваа предвремена отплата се подобрува репутацијата на Македонија, како земја која не само навремено туку предвремено ги сервисира своите обврски. Третата придобивка е што во очите на меѓународните инвеститори, на сите кои ја имаат запишано еврообврзницата, но и оние кои сакаат да инвестираат во Македонија, ова е показател дека земјата има стабилна макроекономска и фискална позиција и дека е сериозна и одговорна кон обврските кон ММФ, ЕБРД, СБ или кон инвеститорите. Така што од сите аспекти ова е позитивна трансакција, рече Ставрески
