Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески:Секоја година по 150 милиони евра за поддршка на земјоделците

Ставрески:Секоја година по 150 милиони евра за поддршка на земјоделците

Со голема поддршка на земјоделците ќе продолжи владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска на прес-конференција членот на Извршниот комитет на партијата Зоран Ставрески, најавувајќи намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто за сточна храна, адитиви за сточна храна и жив добиток.

- ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, односно по 150 милиони евра секоја година. Ова е историски највисок постигнат износ за поддршка на македонскиот земјоделец обезбеден од македонската држава. За дополнителна помош на земјоделците ќе ја намалиме и стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за сточна храна, адитиви за сточна храна и жив добиток, со што директно ќе се стимулира производството на месо и млечни производи, рече Ставрески. Најави и изградба на голем број хидросистеми, меѓу кои брана Конско во Гевгелија, Маркова река во Струмица, Јужновардарска долина 2 фаза, Оризарска река и други.

Ставревски вети и нови покачувања на платите на просветните, здравствените, социјалните и културните работници, полицијата и војската и сите вработени во јавниот сектор по 5 отсто секоја година, почнувајќи од октомври оваа година. - Вкупното зголемување на платите во следниот мандат ќе изнесува 21,5 отсто.

Ова, додаде тој, се само мал дел од 2.046 проекти на најобемната програма која била направена последниве 20 години, од која било политичка партија во Македонија. Партијата во следниот период ќе ги презентира проектите од програмата.

Слично

Поврзани вести