Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески потврди: Се размислува за кратење на рокот за важење на ЗЕЛЕН КАРТОН!

Ставрески потврди: Се размислува за кратење на рокот за важење на ЗЕЛЕН КАРТОН!

Министерот за финансии Ставрески денеска ја потврди информацијата на Фактор дека се размислува да се скуси рокот за кој се вади зелениот картон.

„Ќе се направат анализи зависно од можностите, треба да ги видиме билансите на осигурителните друштва и нивните резултати.

Доколку има можност ќе настојуваме да најдеме решение, при што се гледа алтернатива за тоа да на пократок рок се издава зелениот картон“, изјави министерот за нашиот медиум.

Сепак, потенцираше тој, дека ќе бидат потребни неколку недели за да се направат добри анализи со цел да не им се наштети на осигурителните друштва а да се најде решение кое  што би било поволно за граѓаните и стопанството.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/27/zelen-karton-ke-se-vadi-so-vazhnost-od-nekolku-mesetsi-a-ne-od-edna-godina/" target="blank" ]ЗЕЛЕН КАРТОН: Ќе се вади со важност од неколку месеци, а не од една година![/button]

„Се во животот се менува, и секогаш се потребни промени, да се навратиш на одредено решение да видиш дали е тоа најдоброто зависно од тоа во пракса како функционира.Така што нормална работа е да се прават промени. Така беше и претходно. Се направи промена во една насока а доколку има барање од граѓаните или од стопанството секогаш ќе го разгледуваме тоа и ако оцениме дека е реално и разумно и остварливо настојуваме да го прифатме“, рече Ставрески.

Со измените што беа направени пред некоку години, зелен картон наместо за неколку месеци, може да се извади само за цела година.

Односно, до 2011 година, цената на зелената карта зависеше од видот на возилото и од периодот на покритие. Зелена карта можеше да се издаде за период од 1 месец, 3 месеци, 6 месеци и годишна зелена карта. Со промените од 2011 година, зелена карта се издава со покритие од една година, но не подолго од периодот на траење на полисата за осигурување од автоодговорност во земјата.

Слично

Поврзани вести