Ставрески: Пензионерите од следната година ќе имаат повиски пензии и поевтини лекови
Следната година, пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 5 отсто, пониски цени на лековите, бесплатно болничко и банско лекување со најниски пензии. Министерите за финасии и труд и социјална политика, Зоран Ставрески и Диме Спасов, денеска се сретнаа со пензионерите, за и официјално да им ги соопштат бенефициите предвидени со буџетот за 2014 година.
Повисоки пензии од март следната година ќе добијат 288.000 пензионери. Според владините пресметки, со новото зголемување, просечната пензија следната година ќе достигне над 11.000 денари.
Слично
