Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески од Русија: Со „Јужен тек“ се обезбедува енергетска иднина на Македонија

Ставрески од Русија: Со „Јужен тек“ се обезбедува енергетска иднина на Македонија
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на официјална покана од Руската Федерација денеска, заедно со високи државници од сите земји кои учествуваат во проектот, присуствува на свеченото одбележување на почетокот на градбата на рускиот коридор за пренос на гас која се одржува во Анапа, Русија. Ставрески притоа изрази задоволство од поканата како и од вклучувањето на Македонија во „Јужен тек“. „Она што е за нас значајно за Република Македонија е тоа што со овој проект ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Наместо сегашната цевка која има помал капацитет ќе се овозможи поголем капацитет, односно поголема понуда на гас. Ова е значајно за иднината, за следните 30 до 40 години сигурно снабдување со гас за сите стопански капацитети, но и за домаќинствата. Република Македонија со ова ја обезбедува својата енергетска иднина - обезбедеува стабилно снабдување со енергенс и е вклучена во главниот меѓународен коридор на гас кој ќе ја обезбедува цела Европа“, истакна министерот Ставрески. Рускиот гас кон Централна и Јужна Европа треба да протече во 2015 година. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди метри кубни годишно или 14% од вкупните потреби на Европа. Македонија со добивањето на нацрт-спогобата од Руската федерација во јули годинава, влезе во проектот „Јужен тек“, но се чека на официјалното потпишување на документот.  
Слично

Поврзани вести