Ставрески: Нема одложување на системот за е-даноци
Нема одложување на воведувањето на системот е-даноци, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и покрај тоа што е свесен дека се работи за новина за која треба време додека компаниите се прилагодат и информираат.
„Не планираме продолжување на рокот, но планираме позасилена реклама на можноста, како и презентирање на можноста пред компаниите. Се работи за неколку илјади компании поради тоа што фазно се воведува. Значи не е за сите компании одеднаш и верувам дека одговорноста на компаниите и начинот на којшто ќе ја прифатат оваа новина ќе биде позитивна бидејќи се работи за нешто што заштедува време и пари“, изјави Ставрески.
Запрашан за повратот на ДДВ кон стопанството, вицепремиерот оцени дека процесот се одвива со предвидената динамика, а најави и дека до крајот на февруари целосно ќе биде исплатен.
Слично
