Ставрески: Не може СДСМ да бара да престанеме со капитални проекти!
Министерот за финансии Зоран Ставрески побара од СДСМ да го деблокира носењето на Буџетот.
- Не е добро да се предлага кратење на капитални проекти, како што сака СДСМ. Токму тие проекти се оние кои ја спасија државата за време на кризата. Апелирам до опозицијата да го сопре носењето на Буџетот со што ќе ја втурне земјата во криза. Мора да се надминат тесно партиските интереси. Тоа што во 2003 та имало времено финансирање е од сосема други причини и е различно од сега бидејќи сега буџетот не може да се донесе од политички причини. Дополнително, СДСМ ги блокира и евтините кредити што ги обезбедивме од Светска Банка и со тоа го доведува во прашање и функционирањето на државата. Условите за обврзницата, во 2009 та беа сосема различни од овие што се сега, тогаш беше криза и каматата беше повисока. Жалам што конструктивниот предлог на Вељановски е отфрлен и не можам да разберам како може да бараат да престанеме да градиме спортски објекти и игралишта.
Слично
