Ставрески најавува 10.000 работни места во индустриските зони
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, само во наредните 12 месеци во индустриските зони низ Македонија ќе се отворат 10.000 нови работни места.
Ова тој го најави по денешната средбата со производителите и откупувачите на тутун. Во зоните досега се вработени 6.500 лица.
„Тоа покажува дека владините политики биле добри, односно биле вистински и помогнале преку ниските даноци, ослободувањето на компаниите од плаќање на данок на добивка, четирите антикризни пакети со кои што се обезбедија меѓу другото 350 милиони евра поволни кредити за малите и средни претпријатија, можноста да се водат активни политики за вработување со кои што преку самовработување и грантови се овозможија отварање на работни места и секако високиот износ на капитални инвестици од буџетот со кои што се креираше работа за градежните компании“, рече Ставрески.
Слично
