Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески: Македонија враќа половина милијарда евра кредити земени од СДСМ

Ставрески: Македонија враќа половина милијарда евра кредити земени од СДСМ
Македонија во периодот 2013-2017 треба да врати една милијарда евра , потврди  вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој посочува дека половина од оваа сума се кредити земени во времето на владеењето на СДСМ. „Милијарда евра требало да се вратат од 2013 до 2017 како податок не е неточно, но ако малку сте се потрудиле како СДСМ, што ретко го правите, да ги погледнете податоците, ќе видевте дека од таа една милијарда половина милијарда се кредити што се земени во времето на СДСМ меѓу 2002 и 2006 година. За волја на вистината, не е само Црвенковски, и Бучковски има еден дел и третиот премиер Хари Костов во негово време, меѓутоа факт е дека се земени кредити и во времето на СДСМ и ние тоа не го нападнавме, изјави Ставрески на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според него, во тој период е земен кредит од 25 милиони долари од Светска банка за проекти од областа на образованието, здравството и социјалната заштита обвинувајќо притоа дека во тоа време социјалната заштита не е  зголемена, пензиите биле намалени, а немало ниту реконструкции или изградба на училишта и јавни здравствени установи. Исто така обвини Вицепремиерот и покрај кредидите за деловно опкружување, државата во тој период била на  96. место на листата на Дуинг бизнис, заедно со африканските држави.  
Слично

Поврзани вести