Ставрески: Капиталните инвестиции не се само бројки, тие се конкретни проекти
Општина Петровец доби нова училишна зграда во која за година ипол ќе учат 520 ученици. За изградба на основното училиште ќе бидат потрошени 87,6 милиони денари, обезбедени преку проектот за поддршка за унапредување на општинските услуги, финансиран од Светска банка.
Договорот за изградба денеска го потпиша градоначалникот на општината со изведувачот „Вардар градба“ во присуство на вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
- Капиталните инвестиции не се само бројки. Капиталните инвестиции се всушност изградба на нови училишта, амбуланти, патишта, водоводи и канализации. По тој повод и денеска сме тука на потпишување на договор за изградба на ново основно училиште „Кочо Рацин“ во општина Петровец - истакна вицепремирот Ставрески по потпишувањето на договорот.
Според него, во општина Петровец се повеќе се подобруваат условите за живеење на граѓаните. Се реновираат училиштата, изградена е нова амбуланта, а во завршна фаза е и изгрдабата на спортска сала
Слично
