Ставрески: Капиталните инвестиции доведоа до двоцифрениот раст во градежништвото
Градежништвото ќе има директна корист од предвидениот рекорден износ од 22,5 милијарди денари за капитални инвестиции во наредната година, истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Прилеп.
Cпоред него, инвестирањето во градежништвото, кое годинава бележи раст од 34 проценти, е причината што во изминативе години има двоцифрени стапки на раст.
- Ние сакаме силно да инвестираме во капитални проекти, бидејќи само така може да се подобрат инфраструктурните услови, да се подобри стандардот на граѓаните, квалитетот на животот, но и да се поддржи домашното стопанство и фирмите кои работат во градежништвото како што се „Гранит“, „Бетон“ и сите други помали подизведувачи кои учествуваат во бројни капитални проекти, финансирсани од буџетот на Република Македонија - изјави Ставрески.
Реализацијата на капиталните проекти во земјава, според него, ќе ја овозможат и инвестициите за јавни патишта и оние на ЕЛЕМ, МЕПСО и на останатите претпријатија кои се надвор од буџетот.
Слично
