Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески: Ќе донесеме пари однадвор за подобрување на ликвидноста

Ставрески: Ќе донесеме пари однадвор за подобрување на ликвидноста
Нема да останеме без мерки и инструменти со кои,  ќе се бориме последиците од европската економска криза да бидат помали, истакна министерот  за финансии Зоран Ставрески, кој денеска учествува на Годишното собрание на Светска банка и ММФ . „Ќе настојуваме да донесеме свеж капитал од надвор, меѓу другото и од Светска банка со цел подобрување на ликвидноста на економијата. Обврските кон стопанството навреме ќе се сервисираат,  за да ја подобриме ликвидноста на приватниот сектор. Ќе ги зголемиме примањата на оние категории најзасеганти од кризата, односно социјалните категории, пензиите, субвенциите, изјави Ставрески додвајќи дека Владата ќе се обиде истовремено да ги одржува на повисоко ниво капиталните инвестици“, истакна Ставрески. Сето тоа се инструменти кои ја прават Македонија малку поразлична од другите, но дека не може да се каже оти  економската криза нема да има последици и врз нас. Но не може да се очекува дека македонската економија ќе се движи драстично различно од она што се случува во Европа. „Покрај информациите кои доаѓаат за состојбите во еврозоната, за фискалните ризици, слабиот раст на американската економија и забавениот раст на Мексико, Бразил, Кина, кои беа двигателите на растот изминатите две години, дополнети со нерешавањето на должничката криза во Европа, очигледно е дека не можеме да бидеме преголеми оптимисти“ , истакна Ставрески.  
Слично

Поврзани вести