Ставрески и официјално потврди дека законот за придонеси ќе важи и за функционери
Денеска министерот и вицепремиер Зоран Ставрески уште една истакна дека новиот закон за придонеси ќе почне да се применува веќе од следата недела, од 1-ви Јануари.
Имено, тој и официјално потврди дека истиот овој закон ќе се однесува и за фукнционерите.
Не е точно дека фунционерите кои остваруваат дополнителни средства како хонорарци нема да плаќаат придонеси. Овој закон ќе важи и за функционерите. За сите договори на дело, авторски договори и други типови договори, ќе се плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Ќе ги опфати функционерите кои остваруваат дополнителни средства врз основа на овие договори“, потенцира Ставрески.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/22/prirachnik-za-pridonesi-koj-kako-koga-i-kolku-ke-se-plaka/" target="blank" ]ПРИРАЧНИК ЗА ПРИДОНЕСИ: Кој, како, кога и колку ќе плаќа?[/button]
Според министерот Ставрески оваа мерка е правична и добра.
„Таа е добра мерка бидејќи ќе овозможи подобра социјална заштита за луѓето коишто примаат хонорари да влезат во системот на здравствена заштита и да ги уживаат сите права од здравствената заштита, како и да можат да остварат пензиски стаж, односно кога ќе дојде време да стекнат право за пензија“, нагласи Ставрески.
Ставрески посочи дека ваква мерка имало речиси во сите европски земји како Германија, Чешка, Белгија, Данска на идентичен начин.
„Мерката е правична бидејќи ќе овозможи сите подеднакво на отварениот приход да придонесат на системот за здравствено осигурување. Нема ни една причина, шивачките во текстилните фабрики коишто примаат 12.000 денари плата или рударите да плаќаат здравствено осигурување, а некој што преку хонорари остварува 12.000, 15.000 или 50.000 денари да не плаќа здравствено или пензиско осигурување и ќе овозможи сите на еднакво ниво на доход остварен да плаќаат со еднаква стапка придонеси за здравствено и пензиско осигурување“, рече Ставрески.
Голем број хонорарни работници меѓу кои новинари, преведувачи, глумци, музичари и многу други придонесувачи во социјалниот живот во понеделникот излегоа на протести против оваа мерка на Владата.
Според нив владата ќе нанесе непроценлива штета на најранливата категорија работници „наплатувајќи“ 37 отсто од нивниот хонорар за придонес со што ќе ја влоши и онака лошата егзистенцијална положба.
Револтот е дотолку поголем и поради нефер поделбата на хонорарците односно одлуката за плаќање придонеси за хонорарите на функционерите каде тие се обврзуваат да плаќаат само 10 отсто.
Слично
