Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески и Богов во Вашингтон, нема криза за Македонија!

Ставрески и Богов во Вашингтон, нема криза за Македонија!

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов изразија задоволство од разговорите со претставниците на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка кои се одржуваат во Вашингтон, како и од најавите за натамошна буџетска поддршка за Македонија и финансирање на инфраструктурни проекти, јави МИА.

„Македонија е оценета како една од поуспешните земји според начинот на кој што се справивме со економската криза. Евидентно е дека во проценките на ММФ и СБ светската криза е се уште присутна, има ризици за сите економии вклучително и за нашата, но овие институциии оценуваат дека Република Македонија има добар потенцијал за остварување на економскиот раст за оваа година, но и во идните неколку години кога ќе се создадат подобри услови во европската економија. Нивото на државниот долг на Македонија е оценето како умерено и е едно од најниските во Европа, што секако е охрабрувачки знак“, изјави Ставрески.

Идниот раст на економијата, Вицепремиерот го гледа во инвестициите во слободните економски зони, како и во домашните инвестиции. Гувернерот Богов рече дека нема причина за загриженост за стабилноста на банкарскиот систем.

Овој систем, рече Богов, нема да биде загрозен, има потенцијал, отпорен е и според сите наши анализи и стимулации, тој ќе ги издржи сите удари без поголем проблем.

Слично

Поврзани вести