Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески: Европската економија незадоволителна, Македонската постојано е во пораст

Ставрески: Европската економија незадоволителна, Македонската постојано е во пораст

Клучни за постојаниот раст на инустриското производство се добрата бизнис клима и влезот на странските компании.

Ова е тренд што ја отсликува силата и жилавоста на македонската индустрија, истакна денеска министерот Ставрески коментирајќи го позитивниот индустриски раст во земјава кој го објави Државниот завод за статистика.

– Во вакви тешки времиња во Европа кога европската индустрија и европската побарувачка не беше на задоволително ниво сепак македонската индустрија покажа добри резултати, рече Ставрески.

Тој потенцирал дека тоа се должи и на добрата бизнис клима и политиките кои ги води владата за да провлече странски инвеститори.

– Со одржување најниски даноци во светот и со помошта што им ја дадовме на домашните компании со ефвтините кредити од 5,5 проценти каматна стапка им помогнавме на домашните компании да остваруваат позитивни резулатати, истакна Ставрески и додаде дека очекува и 2015 година да биде исто така добра за македонската индустрија.

 
Слично

Поврзани вести