Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ставрески: Европа е во рецесија, Македонија со позитивен раст

Ставрески: Европа е во рецесија, Македонија со позитивен раст
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска се пофали дека во првиот квартал од 2013 година, додека европската економија е во рецесија и со негативна стапка од 1,2 проценти, македонската економија има позитивен раст од 2,9 проценти. „Тоа е четврто најдобро остварување во Европа. Само Латвија, Литванија и Турција имаа повисоки стапки на раст на БДП во првиот квартал во 2013 година“,изјави Ставрески во Собранието. „Економскиот амбиент во кој работиме се уште е тежок и чувствителен имајќи предвид дека европската економија во првите неколку месеци од 2013 година оствари резултати кои беа полоши од очекувањата. Последните податоци се дека европската економија и во првиот квартал од 2013 беше во рецесија. Германија како локомотива на еврозоната имаше пораст од само 0,1 процент што е помал од очекувањата, Франција имаше пад од 0,2 проценти. Италија, Шпанија, Грција сите имаа негативни стапки на БДП, истакна Ставрески. Исто така, истакна Ставрески добар показател за економијата е намалувањето на стапката на невработеноста под 30 отсто. „Политиката на привлекување на странски инвестиции дава резултати како во извозот, така и во отварање на нови работни места. Така на пример во Дрекслер Маер досега се отворени 1.000 нови работни места, а се очекува тој број да достигне 4.000 нови работни места“, посочи Ставрески.  
Слично

Поврзани вести