Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАВИЈА ШАТОРИ: Српските студенти почнаа со протести

СТАВИЈА ШАТОРИ: Српските студенти почнаа со протести

Српските студенти кои по изборите почнаа со протести поради изборни нерегуларности, денеска блокираа важна улица во Белград.

Младите собрани околу иницијативата „Борба“ напладне почнаа 24-часовна блокада пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, на раскрсницата од улиците Кнез Милош и Бирчанинова, каде поставија шатори.

Активистот Иван Бјелиќ изјави дека крстосницата на улицата Бирчанинова и улицата Кнез Милош ќе биде блокирана од пладне во следните 24 часа во Белград, додека студентите и младите ќе се обидат да извршат притисок врз Министерството за државна управа и самоуправа да ги исполни нивните барања. 

„Бидејќи немаме јавен сервис, ќе треба да им објасниме што се случува на луѓето на улица“, рече тој.

Неформалната група студенти и млади активисти „Борба“, која речиси две седмици протестира со цел откажување на изборите и отворање и ажурирање на избирачкиот список, денеска испратиле писмо до европските институции и други меѓународни организации во кои ги информира за причините за протестот, но и за барањата што ги имаат кон домашните институции и меѓународните тела, пренесува Индекс.

Слично

Поврзани вести