Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАВЕНО ВЕТО: Наумов не одобри ново задолжување од 100 милиони евра

СТАВЕНО ВЕТО: Наумов не одобри ново задолжување од 100 милиони евра

Новото планирано задолжување од 100 милиони евра нема да се реализира. Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов го употреби правото на вето и не се согласи државата во вторник да се задолжи од кај домашните банки.

Од СДСМ велат дека имаат обврска да не дозволат дополнително задолжување на идните генерации за нови 100 милиони евра.

- Ова ново задолжување е доказ дека државната каса е празна и зависна од нови и нови задолжувања. Ова задолжување е доказ дека е загрозена исплатата на платите и пензиите, до тој степен што државната каса е во состојба да не може да ги дочека средствата од еврообврзницата кои треба да бидат оперативни за само неколку дена, стои во соопштението од СДСМ.

Според опозицијата, „секое дополнително задолжување претставува обид за финансирање на различни форми на изборна измама и корупција, за што во неколку изборни циклуси, мисиите на ОБСЕ/ОДИХР упатија сериозни забелешки за злоупотреба на државните ресурси во изборни цели и тек на кампања.“

Слично

Поврзани вести