Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАВ ЗОРАН БОЈАРОВСКИ: Договорот не носи излез од политичката криза!

СТАВ ЗОРАН БОЈАРОВСКИ: Договорот не носи излез од политичката криза!
Новинарот Зоран Бојаровски за Фактор вели дека договорот кој политичките лидери и комесарот Хан успеаја да го постигнат после 12 часа жешки преговори нема да донесе излез од политичката криза!
„Излезот од оваа криза нема да биде траен и суштествен ако само ги задоволи четирите, или колку и да се, политички партии. Излезот од оваа криза треба да ги задоволи граѓаните кои будно ќе го следат овој процес и нема да дозволат тој да биде завршен само со исполнување на интересите на врхушките на политичките партии. Многу позначаен резултат од излезот од оваа криза треба да биде новиот општествен и државен систем кој ќе биде отпорен на авторитарни и диктарски навики и амбиции. Систем кој ќе ја оневозможи корупцијата на општественото ткиво. Значи здрави, независни контролни механизми и механизми на прогонот како што независно обвинителство, судство... Ослободена јавност која преку слободниот медиумски простор нема да се плаши да им каже „не“ на сите кои имаат намера или спроведуваат недемократски процеси, кои ги кршат принципите на владеењето на правото. Време е да се извлечеме традиционалната политичка матрица во која граѓаните се свесни за централизираната политиката и авторитарна структура, но немаат, зашто им е одземен, простор за да го изразат слободно своето несогласување. Тоа треба да го овозможи новиот систем. За доброто на државата, за доброто на општеството и најмногу и најважнио за доброто на граѓаните. За секој граѓанин одделно“, вели Бојаровски.
Фактор во серија ставови со дел од македонските новинари и уредници ќе се обиде да го пренесе мислењето за постогнатиот договор од вчера помеѓу македонските политички лидери.
Г.Ч.

Слично

Поврзани вести