СТАВ Висар Адеми: Еврообврзница за изборни потреби!
Последното задолжување на владата е само продолжуване на низот на задолжувања за да може да "преживее" државата.
Но овој последниот долг од 650 милиони евра е малку поспецифицен.
Прво се работи за најголема сума досега која некоја Влада воопшто го побарала. Второ, Владата не кажува на што ќе ги троши.
Освен штурата информација дека ги бара средствата како резултат на кризата која ја "предизвикала" СДСМ не кажува што ќе направи со овие пари, но лесно може да се претпостави дека во изборна година дел од тие пари ќе се потрошат на поткуп на групи на интерес или организации који имаат некакво влијание во самиот изборен процес.
Се очекува дека Владатата на ВМРО ДПМНЕ - ДУИ да биде "подарежлива" спрема нив. Трето, евро-обврзницата се зема или преговарањата почнуваат во сред лето, без дебата и со потикнување на конфликти (разни). Оваа влада досега така владеела, без да даде отчет и не транспаретно, но се надевам дека интелектуалците и граѓанските организации ќе го подигнат гласот против најмасовната кражба која што се планира досега во Македонија.
Слично
