Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАВ ТРПЕНОСКИ: Нема поразени и победени туку душегрижници кои ќе критикуваат која страна извршила предавство!

СТАВ ТРПЕНОСКИ: Нема поразени и победени туку душегрижници кои ќе критикуваат која страна извршила предавство!

Горан Трпеноски, уредник  на политичка  редакција  во весникот Вест оценува дека со договорот во Пржино, се избегнува  опасноста  од можно губење на препорката за почеток на преговори со ЕУ. Според Трпеноски, добро е што решенијата од договорот ќе бидат системски,  пример  решението за технички премиер 100 дена пред избори .

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ  во преговорите извлекоа најдобро што можат, нема поразени ниту победници. Ќе има душегрижници кои ќе ги критикуваат двете страни дека извршиле предавство, но лесно е од страна да се гледа, да седиш по кафеана и критикуваш.

Договорот од Пржино ја враќа Република Македонија на евроатланскиот пат, и не губење на Препораката.

Сите случувања отвараат ново поглавје во политичката култура меѓу политичките лидери, доказ дека со добро посредништво, па макар и на мускули, може да се реши се ако се сака.  Искуството со склучувањето на договорот во Пржино, може да се примени и во решавање на другите клучни прашања, како што е проблемот со името, спорот МПЦ-СПЦ.

Добро е што решенијата од договорот ќе бидат системски,  пример  решението за технички премиер 100 дена пред избори.

Со договорот од Пржино и со имплеметирање на забелешките на Прибе, се создава практика за во иднина да се направат силни институции по европски терк, за да се избегне во иднина поради лошите политики на македонските политчки гарнитури Македонија да не може да напредува кон Европа.

 И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ  во преговорите извлекоа најдобро што можат, нема поразени ниту победници. Ќе има душегрижници кои ќе ги критикуваат двете страни дека извршиле предавство, но лесно е од страна да се гледа, да седиш по кафеана и критикуваш.  Во Македонија секогаш има многу генерали, ама после битка кои се знаат. Договорот е класичен компромис,  прав комромис, кога и двете страни се чуствуваат како победници. Заев попушти од неговото главно барање за заминувањето на премиерот Никола Груевски од функцијата, а пак Груевски  го смени непопустливиот став дека нема шанси да смени министер или премиер.  Договорот е скроен за да  и двете страни бидат победници. Сега останува на пропагадните  машинерии на партиите како ќе го продадат договорот од Пржино пред гласачите. Кој ќе има подобар спин. Договорот на хартија  убаво изгледа, се договорија за да се договорат како  ќе се работи во транзициониот период. Сега остануваат персоналните решенија и имплеметирање на препораките од извештајот на Рајнхард Прибе, кое мислам дека нема да оди така лесно. Битно е дека има договор, оваа пат ситуација веќе предолго трае, па на изборите на 24 април со господ напред!

Г.Ч.

Слично

Поврзани вести