СТАВ ПРОФ. МАРЈАН ПЕТРЕСКИ: Можно е кратење на платите, пензиите и непродуктивните трошоци по одложувањето на еврообврзницата
Повлекувањето на еврообврзницата би рекол дека е резултат на целокупниот притисок кој го создаде јавноста, недвосмислено укажувајќи на опасноста од таквото задолжување, имајќи предвид дека не е позната намената на парите и дека се случува во сензитивен политички момент. Оттука, уште еднаш да апелираме, во најмала рака да се преполови износот на обврзницата, а ако е точно тврдењето на премиерот дека тие пари се неопходни за исплата на пензии и плати, тогаш веднаш да се пристапи кон реструктуирање на расходната страна, во смисла на стопирање на сите зголемувања на тековните трошоци. Дури се плашам дека ќе мора да преминеме кон реверзибилен процес, односано кратење на плати, пензии и непродуктивни трошоци, за да не дојдеме во ситуација на неликвиден и несолвентен буџет, оценува универзитетскиот професор од Американ колеџ Марјан Петрески.
