Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАВ Гордан Калајџиев: Претседателот го распушти Специјалното обвинителство!

СТАВ Гордан Калајџиев: Претседателот го распушти Специјалното обвинителство!
Професорот Калајџиев за одлуката на Иванов за Фактор го даде следниот став: Ѓорѓе  Иванов со  потпишувањето на указот за  аболиција  ја злоупотреби  функцијата претседател на државата. По измените на Законот за помилување  што ги усвои Уставниот суд, Иванов  со ваквиот потег се  постави над правото и правниот систем . Јас  би го гонел кривично , но тој има имунитет. За жал, после ваквата скандалозна  одлука на Иванов ништо не  преостанува друго освен граѓаните правдата да ја бараат на улица.   Ваквиот  пристап не е воопшто симпатичен, но нема друг избор . Последната алатката  која призлезе од Договорот во Пржино, а тоа е формирањето на Специјалното јавно обвинителство  кое беше  формирано со консензус од сите партии со вчерашната одлука  ова институција практично е распуштена. Претпоставувам дека претседателот Иванов бил под голем притисок ,  но тоа  е оправдување  за  ваквата негова одлука  која е  голема брука за државата. Наместо да се бламира подобро  ќе беше да си поднесе оставка од  функцијата.   Она што е уште потрагично е што тој е професор по право, а самиот го крши правниот систем. Со ваквиот преседан Иванов де факто го укинува Специјалното јавно обвинителство,  а  неговата работа станува без предметна. Граѓанското општество мора  да реагира за да ја заштитиме дражавата бидејќи ако нема правда не може да опстои една држава во која што нема  функционираа правото и одговорноста . подготви Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести