СТАВ ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ: Јанева не е спремна за борба со октоподот!
„Можеби сите оние кои беа вклучени во преговроите се задоволни, меѓутоа мислам дека јавноста не е многу среќна со кадровското решение. Разговарав со 10 тина респектирани правници. Сите беа изненадени од изборот на личноста која ќе ги истражува случаите „Прислушување“ и „Пуч“ . Зачудени се што на анонимен обвинител му се доверува да води вакви исклучително тешки предмети. Далеку е од она што се најавуваше дека ќе биде личност со интегритет и дигнитет, еминентен правник со големо искуство зад себе.
Верувајте дека три месеци поминав во подготовки на моја кандидатура за позицијата специјален јавен обвинител. Добро размислив за сите згоди и незгоди притисоци и можни опструкциии.
Мислам дека Јанева не е личност која што околу себе ќе собере тим. Мислам дека таа не е подготвена да ја стави главата во торба. Сметам дека и тимот од обвинители како што е и случајот со изборот на специјалниот јавен обвинител ќе биде наметнат и дека целата работа ќе се сведе на тоа неколку ситни риби да бидат жртвени јагниња. Ќе бидат потрошени само пари без да биде постигната целта заради што и се избира специјалниот јавен обвинител. Ова не е специјален обвинител кој што ќе се бори криминалниот октопод , со изворот на криминал и корупција“ вели Калајџиев за Фактор.
Р.Ф
Слично
