СТАВ ДЕЈАН ЃОРШОВСКИ: Некои земји кои не се членки на ЕУ се повеќе интегрирани во неа отколку некои досегашни членки
Поранешниот македонски специјален владин претставник во Брисел, Дејан Ѓоршовски кој работеше и во Делегацијата на Европската комисија во Скопје за Фактор ги споделува свои размислувања за придобивките и последиците од излезот на Велика Британија од ЕУ .
Бидејќи воглавно членка на ЕУ се станува доброволно и демократски, така истата и се напушта.
Граѓаните на една демократска земја, со долготрајно членство во Унијата демократски се определија дека сакаат да го напуштат клубот (иако технички оваа одлука правно може да ја преиначат нивните избрани претставници во власта, но тоа веројатно нема да се случи бидејки нема да е демократски).
Останува фактот што со напуштањето на клубот? Главните придобивки и достигнувања на Унијата нема да бидат на располагање на граѓаните на таа земја како и на граѓаните на другите земји членки. Но да се потсетиме кои беа главните придобивки и достигнувањата и што ќе се смени?
-Еврото – таа земја никогаш не ја користеше заедничката ЕУ валута. Иако и како аутсајдер има можност да се приклучи кон ‘’еврозоната’’ како на пример Монацо, Андора, Косово, Црна Гора;
-Слободно движење на граѓаните – таа земја не беше во Шенген, но и тука како аутсајдер може да одлучи да биде дел од Шенген како на пример Исланд, Норвешка, Швајцарија.
-Слободно движење на стоки – и тука аутсајдер може правно да спогоди Царинска Унија со клубот – како на пример Турција.
Примерите покажуваат и дека некои земји кои не се членки на Унијата се повеќе интегрирани во неа отколку некои досегашни членки.
Сепак колку и да звучи изненадувачки за останатите членки на демократскиот клуб раскинувањето со еден стар партнер сепак тоа е совршен пример за демократијата…
