Статусот кандидат на Албанија виси на конец?
Официјална Тирана до 21 јули треба да ги усвои сите потребни реформи во правниот систем, во спротивно ќе следи одземање на кандидатскиот статус за влез во ЕУ на Албанија.
Ова од земјата го бара Германија. Заканата, според албанскиот печат, ја дал преседателот на Комисијата за Европски прашања при Бундастагот, Гинтер Гричбаур, на средбата што ја имал во средата во Тирана со високи преставници на албанската влада. Според германскиот преставник во Албанија, сите значајни почитички партии знаат дека барањето за реформи е доставено пред повеќе години и сега се очекува неопходност во нејзиното донесување. Без реформи нема влез во Европа.
Медиумите во Тирана пишуваат дека оваа закана на Германија за Албанија е последна. Веќе е поставен и датумот за завршување на реформите во правниот систем, за кој се смета дека е клучен во проблемите кои се присутни во албанското општество, во кое има корупција и криминал.
