Економија, финансии, бизнис

Контакт

Статистиката потврди – слаб јули за туризмот во Македонија

Статистиката потврди – слаб јули за туризмот во Македонија
Бројот на туристи во Македонија е помал за 3,9% во јули годинава, во споредба со истиот месец лани, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Пад има кај бројот на домашни туристи, додека бројот на странски гоисти пораснал. Така, бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.9%. Истиот тренд се забележува и кај ноќевањата - бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.8%. Во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3.1%, но бројот на ноќевања се намалил за 0,7%. Повторно, намалувањето во најголем дел се должи на помалиот број на домашни туристи и ноќевања остварени од нив. Најбројни странски туристи што ја посетиле Македонија во јули годинава биле Турците, Србите, Холанѓаните, Полјаците и Грците.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Турција за еден месец изнесува 6.913, од Србија 5.742, од Холандија 4.067, Полска 3.744 и од Грција 2.761.

Слично

Поврзани вести