Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на бројот на работници во индустријата во март

Пад на бројот на работници во индустријата во март

Бројот на работниците во индустријата во првото тромесечие годинава е зголемено за 0,4 отсто, во однос на истиот период од минатата 2018 година. Но, според државниот завод за статистика за 0,8 проценти е намален бројот на работници во индустријата во март годинава во однос на месец март од 2018 година.

Бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пад од 0.9%, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0.4%, а во секторот Рударство и вадење на камен пораст од 0.4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2% и Капитални производи за 9.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7%

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - март 2019 година , во однос на периодот јануари - март 2018 година, изнесува 100.4. 


Слично

Поврзани вести