Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Намалено е прозводството на овошје, сончоглед, домати и краставици

СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Намалено е прозводството на овошје, сончоглед, домати и краставици

Намалено е производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, а зголемено на оризот и пиперот.

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), значително намалување на производството кај овошјето е забележано кај јаболката за 51,2 отсто, кај крушите за 41,2, кај сливите за 46,1 и кај праските за 50 проценти. Поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 отсто, кај доматите за 23, кај краставиците за 34.3 и кај крмната пченка за 31,7 отсто.

Зголемување на производството имало кај оризот за 5,4 отсто и кај пиперот за 4,1 процент. Во 2023 година во државата имало 514.375 хектари обработлива површина.

Земјоделците често се жалат дека нивиот труд не е соодветно вреднуван и дека им треба сигурен пласман на производството. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести