Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА ЗА ЈУНИ: Се гради помалку од лани

СТАТИСТИКА ЗА ЈУНИ: Се гради помалку од лани

Во јуни 2018 се издадени 205 одобренија за градење, што е за  10.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. 

Ваква состојба покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објавени вчера. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 945 737 илјади денари,  што е за 22.6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.  Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 117 (57.1%) се наменети за објекти од високоградба, 45 (21.9%)  за објекти од нискоградба и 43 (21.0%) за објекти за реконструкција. 

Од вкупно 205 објекти, на 115 (56.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 90 (43.9%) објекти инвеститори  се деловни субјекти.  Во извештајниот период е предвидена изградба на 554 станови, со вкупна корисна површина од 41 505 м2 .

Слично

Поврзани вести