Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: За една година платата ни се зголемила за – помалку од еден процент

СТАТИСТИКА: За една година платата ни се зголемила за – помалку од еден процент
Во ноември лани просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија изнесувала 21.054 денари и во однос на ноември 2012-та е зголемена за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Пресметките покажуваат дека изразено во пари ова зголемување од ноември 2012 до ноември 2013 изнесува 2.105 денари. Според статистика, зголемувањето се должи, пред сè, на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 6,2 проценти, „транспорт и складирање“ за 5,3 проценти и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 3,6 проценти. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември во однос на октомври, е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 8,8 проценти, „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 6,3 проценти и „градежништво“ за 4,2 проценти. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2013 изнесува 30.902 денари. Во ноември лани, 2 проценти од вработените во Република Македонија воопшто не примиле плата.
Слично

Поврзани вести