Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Во јули 1,2% од вработените не примиле плата

СТАТИСТИКА: Во јули 1,2% од вработените не примиле плата
Просечната нето исплатена плата во Македонија во јули изнесува 21.350 денари, објави Сржавниот завод за статистика. Ова претставува зголемување од 1,6% во однос на истиот месец лани, додека во однос на јуни годинава месечната заработувачка се зголемила само за 0,6%. Вкупно 1,2% од вработените во Македонија во јули оделе на работа, но не зеле плата. Според главните сектори, зголемување на нето платата има во градежништвото во висина од 9,6%, техничките дејности 9,5% и рударството 6,8. Просечната исплатена бруто плата за јули во Македонија изнесувала 31.245 денари и е за 1,3% поголема во однос на јули минатата година. Неодамнешното истражување на турската агенција Анадолија, ја стави Македонија на дното на листата меѓу балканските земји според месечната заработувачка на граѓаните. Деталите од истражувањето прочитајте ги на следниот линк: ДЕНЕС ВО НЕКОГАШНА СФРЈ: Најмали плати во Македонија, најголеми во Словенија
Слично

Поврзани вести