Статистика: Стапката на невработеност опаѓа
Државниот завод за статистика излезе со најновите статистички податоци кои се однесуваат на стапката на невработеност во земјава и според нив во третиот квартал земјава забележува благо намалување на невработеноста во споредба со претходниот квартал годинава.
Според заводот за статистика во третиот квартал годинава биле регистрирани 267.428 невработени лица или 27,9 проценти што пак во споредба со претходниот квартал бележи благо намалување од 0,3 отсто.
Во однос на истиот период лани податоците на стстистика повторно покажуваат намалување на невработеноста и тоа за 0,8 процентни поени.
Бројот на активното население во третиот квартал годинава изнесувал 690.965 лица.
Стапката на активност во овој период од годината е 57,3 отсто, а стапката на вработеност е 41,3 отсто.
Меѓу невработените, повеќе од половината се мажи, односно 61,1 отсто, додека останатите 38,9 отсто отпаѓаат на женската популација.
Во границата од 15 до 24 години Државниот заводот за статистика регистрирал 50.275 невработени лица.
165.325 невработени лица се во границата од 25 до 49 години и од 50 до 64 години бројот на невработени изнесува 51.458 лица.
Слично
