СТАТИСТИКА: Што поскапе, а што поевтини во март?
Индексот на цените на угостителските услуги во март 2017 година, во споредба со претходниот месец е зголемен за 0.1%.
Ова е објавено во соопштение на Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0.2% и безалкохолни пијалаци за 0.1%. Кај алкохолните пијалаци е забележано намалување за 0.4%.
Индексот на цените на угостителските услуги во март 2017 година, во однос на лани е зголемен за 0.3%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-март 2017 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 0.3%, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0.1%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во споредба со јануари 2017 година, е намален за 0.1%.
Iндексот на цените на угостителските услуги во јануари 2017 година, во споредба со декември 2016 година, остана на исто ниво.
