Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Се повеќе македонски семејства живеат од социјална помош

СТАТИСТИКА: Се повеќе македонски семејства живеат од социјална помош
Вкупно 34 612 семејства, минатата година добивале постојана социјална парична помош, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Нивниот број за една година, односно минатата година споредена со 2012 година се зголемил за  895 домаќинства. Според податоците, во 2012 година бројот на семејства кои примале социјална помош изнесувал 33.717 домаќинства. Иако е зголемен бројот на домаќинствата кои примаат социјална парична помош, сепак намален е бројот на членови во истите домаќинства кои се приматели на социјална помош. Па така, во вкупиот број на домаќинства кои се приматели на социјална помош, минатата година имало 131.185 членови, додека пак во 2012 година имало 133.539 членови во семејсвтата што тогаш биле приматели на социјална помош. Најмногу приматели на парична помош има во скопскиот и полошкиот регион. Скопски регион Во скопскиот, минатата година имало 8.474 приматели на социјална парична помош, а во 2012 година имало 8.441 домаќинства. Или, за една година бројот на домаќинствата кои добиваат државна помош за да преживеат се зголемил за 33 домаќинства. При тоа, вкупниот број членови во семејствата кои се приматели на социјална помош минатата година во скопскиот регион изнесувал 41.259, а во 20112 година изнесувал 41.529 членови. Полошки регион Во 2013 година, во полошкиот регион имало 7.508 домаќинства кои живееле со социјална парична помош, и нивниот број во споредба со 2012 година кога изнесувал 7.679 е намален за 171 домаќинство. Па така, во вкупниот број на домаќинства кои се приматели на социјална парична помош во полошкиот регон, минатата година живееле 26.259 членови, а додека во 2012 година живееле 26.909 членови. Североисточен регион Во североисточниот регион бројот на семејства кои добивале социјална помош минатата година, изнесувал 4.737, додека пак во 2012 година изнесувал  4.191. Односно, нивниот број за една година е зголемен за 546 нови домаќинства кои добиваат социјална парична помош за да преживеат. Но, од друга страна се намалил бројот на членови во семејствата кои се приматели на постојана парична помош. Па така, во 2012 година во вкупниот број на домаќинства кои примале социјална помош имало 18.195, додека веќе следната година, односно лани е намален на 16.730 членови. Пелагониски регион Се зголемил и бројот на семејства кои добиваат социјална парична помош во пелагонискиот регион. Па така, минатата година во овој регион имало 4.071 домаќинстава кои добиваат социјана помош, а во 2012 година нивниот број изнсувал 3.884 домаќинства. Тоа значи дека лани имали 187 домаќинства повеќе кои влегле во оваа категорија. Но и тука има намалување на бројот на членови во домаќинствата кои се приматели на социјална помош. Па така, во 2012 година во вкупниот број на домашинства кои примале социјална помош имало 12.111 членови, а додека лани имало 11.099 членови. Југозападен регион Во југозападниот регион социјална помош минатата година добивале  3.132 домаќинства, а во 2012 година добивале 3.139 домаќинства. Тоа значи дека за една година бројот е намален за 7 домаќинства кои добиваат социјална парична помош. Минатата година имало 12.334 членови во семејствата кои добивале социјална помош, а додека во 2012 година имало 12.213 членови. Односно нивниот број е зголемен. Вардарски регион Минатата година социјална парична помош во вардарскиот регион добивале 2.508 домаќинства, а додека во 2012 година имало 2.397 домаќинства. Или 111 домаќинства повеќе. Минатата година имало вкупно 7.352 членови во семејствата приматели на социјална помош, а додека во 2012 година имали 6.817 членови. Источен регион Во источниот регион социјлна парична помош лани примале  2.362 домаќинства,а додека во 2012 година 2.284. Или 78 домаќинства повеќе за една година. Во овој регион има намалување на бројот на членови во семејствата приматели на социјална помош.Па такалани изнесувал  9.565, а во 2012 година изнесувал9.559 членови. Југоисточен регион Во југоисточниот регион има 1.820 приматели на социјална парична помош, а во 2012 година биле 1.702, или 118 семејства повеќе. Во овој регион пак има зголемување на бројот на членови во семејствата приматели на социјална помош - во 2013 година изнесувал 6.587, а додека во 2012 година 6.169 членови.  
Слично

Поврзани вести