СТАТИСТИКА: Платата на Македонците се зголемила за 1% за една година
Просечната нето плата во Македонија во септември изнесувала 21.278 денари. Со ова таа е за еден процент повисока од истиот месец минатата година, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемо зголемување во септември има во секторите: уметност, забава и рекреација - за 7,8 отсто, градежништвото за 7 проценти и во рударството и вадење камен за 6,6 проценти.
Во однос на претходниот месец, август, се зголемиле платите во секторите земјоделство, шумарство и рибарство (3.5%), преработувачка индустрија (2.4%) и градежништво (1.8%).
Според статистиката, 0,9% од вработените во септември не примиле плата. Просечната плуто плата во Македонија во септември изнесувала 31.169 денари.
Слично
