Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

Просечната нето плата во април изнесувала 45.452 денари. 

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика(ДЗС), ова е пораст од 10,6 проценти во споредба со април лани. 

Ова покачување главно е резултат на зголемувањето на просечните месечни нето-плати во неколку сектори. Најзначајни сектори со пораст на платите се: “Дејности на здравствена и социјална заштита” со 14,7 проценти, “Образование” со 14,4 проценти и “Административни и помошни услужни дејности” со 13 проценти.

Во споредба со претходниот месец, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата е регистрирано во “Информации и комуникации” со 4,2 проценти, “Административни и помошни услужни дејности” со 3,9 проценти и “Дејности на здравствена и социјална заштита” со 3,8 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по работник во април 2025 година била 68.294 денари.

Слободан Трендафилов од ССМ минатиот месец кажа дека нашите работници во странство се попродуктивни затоа што се поплатени. 

Слично

Поврзани вести