Економија, финансии, бизнис

Контакт

Статистика објави колку изнесувала просечната плата во февруари

Статистика објави колку изнесувала просечната плата во февруари

Просечната плата во февруари изнесувала 27.948 денари. 

Таа е за 2,7 отсто повисока од истиот месел минатата година, покажуваат објавените податоци на Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации -10.1 отсто, Други услужни дејности – 8.2 отсто и Рударство и вадење на камен – 7.5 отсто. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак,  е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен – 9.0 отсто, Уметност, забава и рекреација – 6.4 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита 4.1 отсто. 

По информатичарите со највисоки просечни плати во земјава од 40.000 до 50.000 се уште неколку професии. Tyка спаѓаат компјутерско програмирање, консултантски услуги со 70.942 денари, фармацевтска индустрија со 46.720 денари, снабдување со електрична енергија и гас со 41.443 денари, воздухопловен транспорт со 43.372 денари. 

Слично

Поврзани вести