Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Најмногу се бараат работници во услужни дејности и продажба

СТАТИСТИКА: Најмногу се бараат работници во услужни дејности и продажба
Во третото тримесечје од годинава, најголем број слободни работни места во Македонија имало за работници во услужни дејности и продажба. Се барале вкупно 1871 работник од овој профил, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Освен нив се барале и ракувачи и составувачи на машини и постројки - 1316 и работници за т.н. елементарни занимања - 1062. Во текот на третиот квартал слободно работно место имало и за 38 членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори. Вкупно, во цела Македонија слободни биле 6973 работни места, од кои најмногу во преработувачката индустрија - 2533 и во Трговија на големо и на мало - 1135. Најголемиот број слободни работни места се во фирмите со меѓу 50 и 249 работници. По региони, скопскиот предничи со речиси половина од вкупниот број слободни работни места - 2879. Но стапката на слободни работни места е највисока во вардарскиот еегион, каде се слободни 2,21% од вкупниот број работни места. Најмалку слободни работни места има во полошкиот и североисточниот регион.  
Слично

Поврзани вести