СТАТИСТИКА: Лани превезени над 27 милиони патници - каков превоз користеле?
Во 2016 година, со 2 172 патнички автомобили се превезени вкупно 27 621 000 патници, од кои 23 761 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 3 860 000 патници.
Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2 172 патнички автомобили од 211 извештајни единици.
Со истиот број на возила се остварени вкупно 61 817 000 километри од кои 51 759 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 10 058 000 километри.
За споредба, во 2015 година, со 2 414 патнички автомобили се превезени вупно 25 855 000 патници, од кои 22 174 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 3 681 000 патници. Со истиот број на возила се остварени вкупно 77 384 000 километри од кои 62 623 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 14 761 000 километри.
