СТАТИСТИКА: Колку невработени мажи и жени има во земјава?
Невработените во земјава лани биле 213.564 или 22,4 проценти од активното население во државата, објави Државниот завод за статистика.
Активното население лани броело 954.212 лица, од кои вработени се 740.648 или стапката на вработеност изнесувала 56,8 проценти.
132 512 мажи лани биле без работа и 81 052 жени, покажуваат статистиките.
За споредба во 2016 година невработени биле 141 578 мажи и 83 471 жени.
Во 2016 година, стапката на невработеност биле 23,7 проценти и е регистрирано намалување за 1,3 проценти.
Слично
