Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАТИСТИКА: Колку електрична енергија е потрошена во јули?

СТАТИСТИКА: Колку електрична енергија е потрошена во јули?

Во јули 2017 година, во Република Македонија, вкупната  потрошувачка по видови енергенти изнесува: 547 640 МWh електрична енергија, 20.319 мил. нм3
природен гас, 385 154 тони јаглен и 97 991 тони нафтени продукти. 

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 76.9% во бруто-домашната потрошувачка  на електрична енергија, додека 94.9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика. 

За споредба,  во јуни  вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 497 369 МWh електрична енергија, 3.578 мил. нм3 природен гас, 418 051 тони јаглен и 86 716 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 68.1 % во бруто-домашната потрошувачка  на електрична енергија, додека 94.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на  електрична енергија.

Слично

Поврзани вести